ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

ЛОКАЛНА БИБЛИОТЕКА, ВЕЛЕС

НОВОСТИ

Е-пошта Печати PDF

Свечено отвoрање на изложба „100 години од македонскиот фронт““

 

Во понеделник, на 10.12.2018 година, со почеток во 18 часот, во малата сала на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ - Велес, ќе се отвори изложба на фотографии „100 години од македонскиот фронт“, подготвена од АНИМ (Асоцијацијата на наставници по историја на Македонија), а во соработка со Општина Велес и Локалната библиотека „Гоце Делчев“. Изложбата ќе биде поставена во текот на целата работна недела и ќе може да се посети во работното време на библиотеката од 8:30 до 21 часот. Ги покануваме сите граѓани кои се заинтересирани, да дојдат во просториите на библиотеката и да ја посетат изложбата.

Последно освежено на Петок, 07 Декември 2018 11:20
Е-пошта Печати PDF

Промоција на книгата „Турцизми во македонскиот јазик“ од д-р Борислав Гајдов

 

Локалната библиотека „Гоце Делчев“ и Општина Велес Ве покануваат на промоција на книгата „Турцизми во македонскиот јазик“ од прим. д-р Борислав Гајдов, која ќе се одржи во четврток на 6.12.2018 година со почеток во 17 часот, во малата сала (медиотека) на велешката библиотека. Промотори на изданието ќе бидат проф. д-р Светлана Давкова од Институтот за македонски јазик и Љупчо Данов, истражувач на велешката историја и култура. Ве покануваме да го проследите овој несекојдневен настан.

Е-пошта Печати PDF

Поетска вечер посветена на поетот Раде Силјан

 

На 10.10. 2018 година во салата „Бели Мугри“, во организација Локалната библиотека „Гоце Делчев“ и ООУ „Васил Главинов“, а во режија и сценарио на иницијаторот Весна Димитриевска Бобевски, се одржа поетски мултимедијален перформанс во изведба на ученици од училиштето „Васил Главинов“. Тема на вечерта беше поезијата на големиот поет Раде Силјан која силно ги инспирирала учесниците во перформансот. Перформансот беше бурно поздравен од присутните, а почесен гостин на настанот беше и самиот автор, кој на крај од перформансот јавно се обрати до присутните и се заблагодари за честа и посветеноста со која младите учесници ја интерпретирале неговата поезија.

Последно освежено на Четврток, 01 Ноември 2018 08:53
Е-пошта Печати PDF

Промоција на на книгата „Златоусно слово“ од д-р Васил Тоциновски

 

Во рамки на чествувањето на празникот 11 Октомври, Општина Велес и Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Ве покануваат да присуствувате на промоцијата на книгата „Златоусно слово“ од д-р Васил Тоциновски која ќе се одржи во малата сала на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ - Велес, на 10.10.2018 (среда), со почеток во 11 часот. Промотори на настанот се д-р Васил Дрвошанов и д-р Славчо Ковиловски. Ве очекуваме...

Последно освежено на Вторник, 09 Октомври 2018 14:11

Страница 1 од 25