ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

ЛОКАЛНА БИБЛИОТЕКА, ВЕЛЕС

ПРОМОЦИИ

Е-пошта Печати PDF

Делегација на ДПМ во Велес во чест на аудио книгата „Бели мугри“

 

На 28 ноември, 2018 година во малата сала на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ - Велес се одржа промоција на аудио книга „Бели мугри“ - самостојно и волонтерско издание на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ - Велес и Здружението на слепите лица на Општина Велес, кое излезе во чест на 79 годишнината од излегувањето на антологиската поетска збирка „Бели мугри“ од Кочо Рацин. Присутните во салата имаа можност да слушната фрагменти од аудио книгата. Во оваа чест, делегација од осум еминетни поети и писатели од Друштвото на писателите на Македонија ја посети библиотеката и одржа пригодно предавање за Рацин, а беа прочитани и авторски стихови од поетите, посветени на Рацин. На промоцијата и поетското читање присуствуваше и делегација од Општина Велес, предводена од градоначалникот Аце Коцевски.

Е-пошта Печати PDF

Промовирана монографијата за Светлана Антоновска

 

На 27 ноември, 2018 година со почеток во 12 часот, во малата сала на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ - Велес, се одржа промоција на монографијата „Светлана Антоновска - македонската челична дама“, приредена од авторот Иван Антоновски, обемна и опсежна книга која во целост го опфаќа ликот и делото на Светлана Антоновска, еден од најважните двигатели на Заводот за статистика во Македонија од нејзиното осамостојување и неговиот развој. Во монографијата се поместени десетици согледби и искази од нејзини соработници и современици, луѓе кои добро ја познавале и почитувале. Во рамки на промоцијата беше прикажан и видео портрет изработен од видео материјали преземени од повеќе телевизиски куќи, а свој опсежен промоторски осврт на монографијата имаше проф. д-р Златко Жоглев. Беше прочитана и песна посветена на Светлана Антоновска од поетот Ристо Лазаров, во интерпретација на Игор Крајчев. На крај свое обраќање имаше и приредувачот Иван Антоновски.

Е-пошта Печати PDF

Промоција на книгата „Извори во животот“ од Божидар Јовиќ

 

На 24.10.2018 година (среда) во Ликовниот салон во Велес, беше промовирана четвртата поетска збирка на м-р Божидар Јовиќ со наслов “Извори во животот“. Со оваа книга поетот Јовиќ повторно се навраќа на поезијата по минатогодишната промоција на романот „Животна посветеност“.

Промотор на книгата беше м-р Игор Крајчев кој во своето промотивно обраќање истакна: -Зар има нешто кое во исто време е и толку комплицирано е и толку величествено а е доволно вредно за да се испее цела низа стихови, отколку животот. Животот со сите свои подеми и падови, со сите ѕвездени и правливи мигови, со сите насмеввки и солзи е оној неисцрплив, непресушен бунар од кој црпи поетската душа на Божидар Јовиќ. Неговата сензитивна поетска рака ја регистрира реалноста која опкружува и истата ја пресликува низ стихови, праќајки ја притоа низ себеси во светот.

На промоцијата се читаа стихови од книгата на Јовиќ, а свој настап имаа и професорите од музичкото училиште „Стефан Гајдов“ од Велес.

Последно освежено на Четврток, 29 Ноември 2018 11:09
Е-пошта Печати PDF

Промовирана книгата „Златоусно слово“ од д-р Васил Тоциновски

На 10 октомври, во малата сала на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ со почеток во 11 часот, се одржа промоција на најновата книга на истакнатиот велешки автор и деец, д-р Васил Тоциновски - „Златоусно слово“. Се работи за научно дело, збирка од есеи кои авторот го сумирал одбележувајќи една епоха од својата научно истражувачка работа, претежно задржувајќи се на својата специјалност, 19-от век, но зафаќајќи и делови од 17 от и раниот 20 век. Промотори на книгата беа исклучителните познавачи на областа, д-р Васил Дрвошанов и д-р Славчо Ковиловски кои се осврнаа на посебни сегменти од книгата и темелно ги обработија сите нејзини аспекти, покажувајќи и докажувајќи нејзината големина и важност. Промоцијата се одржа со поддршка на Општина Велес, а истата беше во рамки на општинското чествување на големиот празник 11 Октомври.

 

Страница 1 од 9