ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

ЛОКАЛНА БИБЛИОТЕКА, ВЕЛЕС

Е-пошта Печати PDF

Промовирана монографијата за Светлана Антоновска

 

На 27 ноември, 2018 година со почеток во 12 часот, во малата сала на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ - Велес, се одржа промоција на монографијата „Светлана Антоновска - македонската челична дама“, приредена од авторот Иван Антоновски, обемна и опсежна книга која во целост го опфаќа ликот и делото на Светлана Антоновска, еден од најважните двигатели на Заводот за статистика во Македонија од нејзиното осамостојување и неговиот развој. Во монографијата се поместени десетици согледби и искази од нејзини соработници и современици, луѓе кои добро ја познавале и почитувале. Во рамки на промоцијата беше прикажан и видео портрет изработен од видео материјали преземени од повеќе телевизиски куќи, а свој опсежен промоторски осврт на монографијата имаше проф. д-р Златко Жоглев. Беше прочитана и песна посветена на Светлана Антоновска од поетот Ристо Лазаров, во интерпретација на Игор Крајчев. На крај свое обраќање имаше и приредувачот Иван Антоновски.

Share