ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

ЛОКАЛНА БИБЛИОТЕКА, ВЕЛЕС

Е-пошта Печати PDF

Започнува проектот „Промоција на добитници на Рациново признание“

Локалната библиотека од неодамна покрена иницијатива за промовирање на добитници на Рациново признание. Вообичаена пракса на сите реномирани фестивали е при доделување на книжевна награда, особено од рангот и книжевниот габарит на „Рациновото признание“, да се направи и промоција и презентација на книжевното дело кое се наградува, со цел пошироко запознавање на јавноста за оправданоста на доделената награда. Оттука и нашата мотивација за оваа иницијатива.

Овој проект го започнуваме со промоција на наградената книга „Јас и Лин, отпосле“ од писателката Ана Стојановска, која со Рациново признание се закити во 2017 година.

Промоцијата ќе се одржи во малата сала на Локолната библиотека „Гоце Делчев“ - Велес, во вторник, на 25.9.2018 со почеток во 19 часот. На настанот ќе биде презентиран краток филм за книгата, книжевниот разговор ќе го води актерот Сашо Димовски, а извадоци од романот ќе читаат актери од велешкиот театар.

Share