ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

ЛОКАЛНА БИБЛИОТЕКА, ВЕЛЕС

Е-пошта Печати PDF

Промоција на книгата „Глас на времето“ од Соња Таировска Дурчак

 

На 18 јуни годинава, со почеток во 12 часот, во малата сала на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ од Велес, се одржа промоција на најновата поетска збирка од поетесеата Соња Таировска Дурчак, која живее во Улм, Германија. Поетесата Дурчак е долгогодишен пријател на поезијата и на Велес, и оттука Локалната библиотека „Гоце Делчев“ во соработка со клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ ја организираа оваа промоција со цел да се промовира ангажманот на македонските автори кои живеат и творат во странство. Промотори на книгата беа велешките автори Соња Гаврилова и Марина Стојанова.

Share