ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

ЛОКАЛНА БИБЛИОТЕКА, ВЕЛЕС

Е-пошта Печати PDF

Чествување на патрониот празник на библиотеката

Оваа година Локалната библиотека „Гоце Делчев“ - Велес со дводневен сплет на активности го одбележа својот патрон, Гоце Делчев. Имено по повод 4 мај, денот на славната смрт на Делчев, во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ - Велес се одржа свеченост на која со свои стихови настапија членови од Клубот на писатели „Кост Солев Рацин“ - Велес. Чествувашето продолжи вече во понеделник, на 7 мај кога во малата сала на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ - Велес, беа доделени благодарници за најдобрите соработници на библиотеката, како и традиционалните признанија, за најмлад читател, највозрасен читател, како и за најчитатели, односно членови на библиотеката кои биле најактивни. Не изостана и новото признание, кое неколку години пои ред се доделува а тоа е признанието за најчитател на периодика. Од минатата година, Локалната библиотека „Гоце Делчев“ - Велес воведе и признание за најдобар автор кој бил претставен во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ - Велес и прв добитник на ова признание во 2017 година беше писателот, Зоран Пејковски. Оваа година ова признание и припадна на писателката Лилјана Пандева. Чествувањето беше заокружено со промоција на новиот број од книжевното списание Велес, кое се одржа на малата сцена во велешкиот театар, а кое го промовираа д-р Васил Тоциновски и м-р Игор Крајчев.

Share