ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

ЛОКАЛНА БИБЛИОТЕКА, ВЕЛЕС

Е-пошта Печати PDF

Промовирани седум нови наслови на Брајово писмо

 

На 8 февруари во малата сала на Локалната библиотека „Гоце Делчев“, беше промовиран нов сет од седум наслови кои се дел од заедничкиот проект на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ и Здружението на слепите лица на Општина Велес, за изработка и промоција на книги на Брајово писмо, а со поддршка на Општина Велес. На оваа промоција беа промовирани книгите: „Силјан штркот“ од Марко Цепенков, „Избор“ од Јоеаким Крчовски, „ММЕ кој прв почна“ од Дејан Дуковски, „Така било пишано“ од Сашко Насев, „Млади синови“ од Васил Иљоски, „Антица“ од Ристо Крле и „Грев или шприцер“ од Сашко Насев.

Промотори на новите седум адаптации беа Коце Димов, претстаавник од одделението за слепи лица при НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје и м-р Игор Крајчев, директор на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ - Велес.

Со овие најнови седум наслови, Брајовата библиотека во Велес, веќе брои 34 наслови. Традиционално, по еден примерок од секое дело, Здружението на слепите лица на Општина Велес го донираше во Локалната библиотека, каде веќе неколку години постои брајово катче.

Share