ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

ЛОКАЛНА БИБЛИОТЕКА, ВЕЛЕС

Е-пошта Печати PDF

Промоција на монографијата „Скачинци и скачинчани во постојана преселба“ од д-р Никола Стојановски

На 22 декември (петок) во малата сала на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ беше промовирана монографијата „Скачинци и скачинчани во постојана преселба“ од д-р Никола Стојановски, изработена во коавторство со неговите внуци Стојан Стојанов и Владимир Стојановски. Во своите 8 глави, оваа монографија се зафаќа со обработка и системско анализирање на сите поважни аспекти од постоењето на селото, но и на обичаите, говорот, како и генеалогијата на голем број семејства кои егзистирале во селото.

Промотори на оваа монографија беа дел од рецензентите на истата и тоа: д-р Анита Василкова Мидоска, проф. Весна Богоевска и м-р Игор Крајчев. Пред бројната публика, за која салата на библиотеката беше претесна, на крај се обрати и д-р Никола Стојановски, кој се заблагодари на присутните и на своите помошници, како и на сите кои со работа, но и со средства го помогнаа излегувањето на ова дело коее плод на долгогодишна напорна и посветена работа.

Share